Едноставна и брза салата од боранија

400 г боранија
4 чешниња лук
1 чили пиперче
2 лажици соја сос
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
рендан Пармезан
свеж босилек по желба
Исечкајте го лукот на тенки ливчиња, исчистете го пиперчето од семките и исечете го на ситни коцкички. Боранијата исчистете ја и измијте ја.
Во вок тава на малку маслиново масло пропржете ги кратко пиперчето и лукчето, додадете ја боранијата и динстајте 5 минути.
Посолете, зачинете со соја сос и црн пипер, и динстајте уште 5-10 минути. По желба наросете со свеж босилек и со рендан Пармезан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.