Едноставно, брзо, евтино и вкусно – оброк за 15 минути!
СОСТОЈКИ:
2 виршли или сечкана салама
6-7 јајца
сол
30 мл масло
по желба домат, пиперка, кромид, кајмак, кашкавал, павлака…
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Испржете ги исечканите виршли. Разматете јајца, посолете и прелијте преку виршлите. Печете околу 3-4 минути на ниска температура поклопено, потоа свртете и уште кратко печете. Ставете на чинија и од горе ставете што сакате. Можете да послужите со салата, јогурт…
Добар апетит!