Според истражувачите од Харвард, замената на половина порција јајца, сирење, јогурт и преработено месо со авокадо би можела да има големо влијание врз нашата исхрана.
Едно авокадо неделно го намалува ризикот од срцев удар за 20%!
Консумирањето на само едно авокадо неделно го намалува ризикот од срцеви заболувања за околу 20 проценти, открива најновата научна студија.
Учесниците во студијата биле прашани за нивната исхрана и морале да пополнат прашалници за да се утврди колку често јаделе одредени работи на почетокот на студијата, а потоа ги пополнувале анкетите еднаш на секои четири години.
Во текот на 30 години, меѓу испитаниците имало 9.185 срцеви и 5.290 мозочни удари. Резултатите од студијата заклучиле дека честото консумирање авокадо е поврзано со намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести кај субјектите од двата пола за 16 и 22 проценти.
Освен тоа, внесот на незаситени масти од растително потекло може да го подобри квалитетот на исхраната и е важна компонента во превенцијата од кардиоваскуларни болести.
Авокадото е одличен извор на влакна, витамини Ц, Е, К, Б5 и Б6, како и рибофлавин, ниацин, фолна киселина, магнезиум и калиум. Здравите масти во овошјето, исто така, помагаат при губење на тежината со тоа што ве одржуваат сити подолго време.