Економските неволји во еврозоната ги притиснаа цените на нафтата пред Велигденските празници

Цените на барел нафта се спуштија во четвртокот на меѓународните пазари кон 109 американски долари пред Божикните празници, притиснати од економските неволји во еврозона и со силниот долар.На лондонскиот пазар цената на барел на сирова нафта падна за 49 центи, на 109,20 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по речиси непроменета цена во однос на затворањето на пазарите во средата, од 96.54 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во четвртокот објави дека цената на барел од нејзината референтна кошница нејзина нафта во средата изнесувала 105,79 долари, односно исто така останала речиси непроменета во однос на тргувањето во средата.Трговците ја следат ситуацијата на Кипар каде банките во четвртокот по 12 дена повторно почнаа со работа. Се стравуваше од навалица на шалтерите, меѓутоа Кипраните мирно чекаа пред банките коишто ги чуваа вооружени обезбедувачи, а воведени се и строги контроли на капиталот за да се спречи остриот одлив на парите откако кипарската влада беше принудена да ги прифати строгите услови за да ги добие парите од меѓународната финансиска помош со кој државата ќе го избегне банкротот и ќе биде принудена да ја напушти еврозоната.Во средата на аукцијата на италијанските трошоци на задолжувањата на рок од пет години го досегнаа највисокото ниво од октомври 2012 година,, одразувајќи ја загриженоста на инвеститорите поради застојот во процесот на формирање на новата италијанската влада поради пат позицијата по февруарските парламентарни избори.Тони Мачацек од брокерската куќа „Bacheа“ во анкетата на Reuters потсетува, исто така, на претстојните Велигденски празници и долгиот викенд, напомнувајќи дека поедини специјализирани компании за нафтените пазари, како што е „Platts“, веќе се затворени.„Последен е работен ден во овој квартал, пред продолжениот велигденски викенд. Присутна е голема неизвесност во поглед на Европа и на Кипар, но трговците нема повторно да ги прилагодуваат книгите пред паузата“, се согласува Оливие Жакоб од швајцарската консултантска компанија „ Petromatrix“.Тмурната слика од еврозоната го притисна еврото, поддржувајќи го доларот. Тоа, пак, ја намалува куповната моќ на имателите на другите валути, а со тоа и побарувачката на нафтата, што исто така ги притиска цените
МакфаксЦените на барел нафта се спуштија во четвртокот на меѓународните пазари кон 109 американски долари пред Божикните праз

Пронајдете не на следниве мрежи: