Експеримент што ќе ви докаже зошто децата треба да носат маски на училиште

Заштитните маски се задолжителни во затворен простор, а наскоро и учениците што ќе се вратат на училиште ќе мораат да седат со маски. За ова правило, се разбира, има добра причина.
Многу луѓе сè уште не веруваат дека маските навистина ни помагаат да ја држиме пандемијата под контрола, без разлика што ова е многупати потврдено од страна на експертите.


Ако и вие спаѓате овде, тогаш можеби микробиологот Ричард Дејвис ќе ви го промени мислењето.
На неговиот Twitter профил, Ричард ги споделил резултатите од еден негов експеримент. Целта на експериментот е да докаже дека маските и социјалното дистанцирање навистина ја намалуваат можноста за зараза.


„Што прави маската? Ги блокира респираторните капки кои доаѓаат од вашите уста и грло.
Две едноставни демонстрации:
Прво, кивав, пеев, зборував и кашлав кон садот, со или без маска. Таму каде што се разнесоа капките се направија бактериски колонии. Маската ги блокира речиси сите нив“, стои во неговата објава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.