Експертите издвоија 3 типови на женски фигури на тело кои им се најпривлечни на мажите

Секој човек има свое видување на идеалната убавина. Покрај надворешниот изглед, личноста мора да поседува и некои внатрешни карактеристики и манири за да бидеме заинтересирани за неа.
Се смета дека меѓу мажите и жените постојат некои општи закони за привлечност. Експертите дошле до заклучок дека поголем дел од мажите имаат одредени критериуми според кои ја бираат партнерката.
Доктор, сексолог Евгениј Куљгавчуј, за руските медиуми објаснил кои фигури на женското тело им се најпривлечни на мажите.
Експертите издвоиле три типови на женски фигури кои поголем дел од мажите ги привлекуваат.
Првиот тип фигура е песочен часовник или 90-60-90, иако бројките не се најважни колку пропорцијата на фигурата.
Докторот објаснил дека мажите сметаат дека жените со убав струк се здрави жени – тие немаат вишок килограми, немаат пропратни болести и не се под стрес. Широката карлица и изразениот задник се индикатори дека жената може да раѓа затоа што оние со тесна карлица често имаат проблеми во текот на породувањето.
Вториот популарен тип на женска фигура е круша. Во овој случај на женското тело акцентот е ставен на колковите. Докторот изјавил дека дамите со таква фигура на тело мора да водат сметка за својата телесна тежина.


Третиот тип на фигура е правоаголник кој е карактеристичен за жените со атлетска градба. Докторот препорачува жените со таква градба на тело да стават акцент на нивниот струк.
Докторот вели дека овие три фигури на тело кај жените им се омилени на мажите, но и дека постојат и онакви мажи на кои им се допаѓа друг изглед на жените.
Тој го навел изразот „мажите понекогаш сакаат со очите“, а додал и дека надворешниот изглед не е најважниот параметар за избор на партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.