Дали понекогаш сте размислувале за фактот дека нашите мисли можат да влијаат врз начинот на кој старееме? Според експертите, позитивните мисли можат дури и да го продолжат нашиот живот за неколку години. Еве за што станува збор.
Експертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!
Имено, на сите нам ни е добро познато дека Јапонија е земјата во светот со најголемиот просечен животен век. Според едно истражување, старото население во Јапонија радосно ја дочекува староста наместо да се плаши од неа (типично за САД, но и за многу други делови во светот).
Било откриено дека позитивните мисли значително влијаат врз квалитетот на животот, но и животниот век. Така, оние испитаници кои имале позитивни гледишта за својата старост живееле околу 7,5 години повеќе за разлика од оние со негативни гледишта. Во интервјуто биле вклучени и „суперстогодишници“ од Јапонија (луѓе постари од 100 години), како и најстарата жена во светот, Кане Танака, која на 19 април 2022 година почина на 117-годишна возраст.
Според научниците, некои од аспектите на стареењето кои се причина за неговата негативна конотација се всушност негативните стереотипи како, на пример, когнитивното опаѓање. Експертите тврдат дека некои видови меморија, но и способноста за решавање конфликти стануваат подобри како што старееме.
Друг факт е зголемувањето на мотивацијата да се помогне во општеството која е поизразена кај постарите луѓе.
Во секој случај, врската меѓу умот и телото може значително да влијае врз долговечноста, но да не ја заборавиме и улогата на исхраната и физичката активност.