четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЕКСПЛИЦИТНА СЦЕНА НА ПЛАЖА: Млади туристи фатени во жешка акција ФРЛИЈА СЕ ОД СЕБЕ И НЕ ИМ ГАЈТЕ ШТО ГИ СНИМААТ (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тајландската полиција трага по пар кој бил снимен како има секс на локална плажа!

Млад пар се препушти на страста во раните утрински часови на плажата Џомтиен во Патаја. Полицијата смета дека се работи за странски туристи. Џомтиен се наоѓа јужно од Патаја, која е позната по областите со црвено светло и дивиот ноќен живот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Експлицитната снимка беше објавена на социјалните мрежи на почетокот на февруари и е најнова во низата вакви инциденти. Паровите кои имаат секс на јавно место се соочуваат со строга казна доколку бидат фатени.

https://twitter.com/Pluton45873221/status/1757415362654609417

На видеото кое трае нешто подолго од една минута, се гледа дека на парот воопшто не му е грижа што во близина има и други посетители на плажата. Многумина од нив се смееја додека ја снимаа експлицитната сцена на своите телефони.

Корисниците на социјалните мрежи се најмногу шокирани од видеото.

  • Зошто не одиш во хотел – напишал еден корисник.
  • Какви луѓе се овие – додаде друг корисник.

Полицијата го истражува инцидентот, но не ја исклучува можноста двојката од видеото одамна да ја напуштила околината. На видеото не се гледаат шаторите за спасувачите кои се подигнати пред два месеци, а тоа укажува на можноста видеото да е направено пред тоа.

Поврзани вести