Актерката Софија Вергара привлече огромен интерес со нејзиниот нов актерски потфат во серијата „Гризелда“ во која ја доби насловната улога.
На прославената колумбиска актерка многумина и честитаат за улогата во оваа серија, која почна да се прикажува на Нетфликс на 25 јануари.
Приказната се состои од шест епизоди, таа е комбинација од драма, криминална и биографска серија.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАНСоединетите Американски Држави наводно се подготвени да прифатат четири од седумте услови…
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните активности за…
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за УкраинаРазговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин би…
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евраСметката на компанијата „JK Entertainment“ на пејачката Јелена Карлеуша е блокирана поради…
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будниЗарем не е очигледно дека почна да се чувствува глобалното будење?! Но…
Контроверзната тема наиде на лавина критики, а сега е објавена снимка на која се гледа интимниот живот на кумата на кокаинот Гризелда Бланко, чиј лик го толкува колумбиска актерка.
Софија Вергара во овие сцени гола има интимна врска со маж, а клучната слика буди јачина на страста. Интимните сцени предизвикаа лавина реакции.
Режисер на серијата е Андрес Баис, продуцирани од Софија Вергара и Ерик Њуман, по сценарио на Даг Миро и Ингрид Ескаједа.
Приказната доби главно позитивни критики – истото важи и за актерската задача на холивудската ѕвезда од Колумбија. Сепак, синот на Гризелда Бланко реагираше многу негативно, коментирајќи ја серијата, жестоко ја критикуваше Вергара и целиот тим.
Гледачите го следат влегувањето на Гризелда Бланко во светот на криминалот, а потоа и распаѓањето на нејзиното богатство поради општа параноја и предавство и распаѓањето на нејзините семејни врски откако таа заврши во затвор. Тогаш нејзината помошничка Риви (Мартин Родригез) ја презема главната улога.
Во серијата глумат Алберто Гера (трет сопруг на главниот лик), Џулијана Ајден Мартинез, Ванеса Ферлито и Кристијан Тапан.






