Експлозивна направа пронајдена во Чашка – Денеска ќе има минирање во Прилеп

Експлозивна направа била пријавена дека е пронајдена околу 13.00 часот во непосредна близина на с.Крајници, Општина Чашка, информираше Регионалниот ЦУК Велес.

За настанатата состојба се известени ДЗС Велес за преземање мерки и активности во нивната надлежност, за безбедно отстранување и неутрализирање на неексплодирани убојни средства.

Денеска е планирано минирање на локалитетот „Сладун“ во Општина Прилеп, од 12.00 до 17.00 часот, заради потреби на градежништвото.

Пронајдете не на следниве мрежи: