Експлозија во Мариупол-Автомобилот на началникот на полицијата разнесен

Полковникот Едуард Басурин за РИА Новости изјави дека автомобилот на началникот на полицијата Михаил Москвин денеска бил кренат во воздух во Мариупол.

„Денеска имаше обид за атентат врз началникот на полицијата во Мариупол, но тој преживеа. Разговарав со него, доби благ потрес на мозокот“, рече тој.

Според дописникот на РИА Новости, на Москвин не му била потребна хоспитализација.

Форензичарите во моментов се на терен. Како што изјавил за агенцијата еден од полицајците, бомбата поставена под автомобилот на началникот на експлодирала во моментот кога тој бил во близина. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но Русите, според написите, се сомневаат во движењето на украинскиот отпор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.