Екстра пилешка тава со зеленчук

Состојки
500 гр пилешки гради
200 мл млеко
6-7 млади компири
2 млади кромитчиња
1-2 домати
сол и бибер по вкус
За прелив
3 лажици кисела павлака
2 јајца
100 мл млеко
100 гр кашкавал
масло за подмачкување


Одлична комбинација на вкусни состојки сместени во една тава. Ви останува само да направите салата и ако сте љубител на лутко, одлично оди со свежа лута пиперка. На здравје!
Подготовка.
1. Го маринираме во млеко пилешкото, кое претходно сме го исечкале на коцки и тоа барем 2-3 часа пред печење.
2. Компирите ги сечкаме на коцки, кромитчето на ситно, а доматите на тенки кружни ленти.
3. Во намрсена тава го ставаме компирот. Врз него кромитчето, па парчињата пилешки гради. Врз месото редиме кругови домат и сето ова го залеваме со преливот.
4. За преливот ги матиме јајцата со киселата павлака и млекото, па зачинуваме по вкус.
5. Врз сето ова рендаме кашкавал.
6. Првите 15-20 минути од печењето тавата ја затвораме со капак.
7. Печеме на 200 степени во загреана рерна, а потоа го тргаме капакот за да се запече.
Забелешка
Некако ми исчезнаа 2 дополнителни фотографии (највероватно по моја грешка)па не можам да ви ги приложам, ама по текстот ќе знаете како да го направите рецептов.
Ако немате соодветен капак за тавата, затворете ја со алуминиумска фолија.
Не ја преполнувајте тавата со намирници, за да при печењето не ви се случи да ви претекуваат состојките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.