сабота, 28 ноември 2026
Најново

Екстремно загаден воздух синоќа во Куманово 

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.
Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.
Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.
Општината Куманово, минатата година донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Поврзани вести