Македонската атлетика доби уште едно младо име за иднината. Четиринаесетгодишната Јана Анастасовска од АК Куманово постави нов национален рекорд за пионерки, односно во категоријата до 16 години, во дисциплината 60 метри со пречки.
Анастасовска блесна на XIV Меѓународен атлетски митинг „11 Октомври“ во Куманово, каде што го освои првото место со време од 10,19 секунди.
Со овој резултат таа го подобри досегашниот национален рекорд во оваа категорија, кој изнесуваше 10,38 секунди.
Успехот добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека Јана има само 14 години, а веќе се натпреварува и поставува рекорди во конкуренција на девојчиња до 16 години.



