Елена Ристеска со нова песна посветена за својот покоен татко, но и реклама за „ЕРА“

Од денес и официјално е пуштен во продажба „ЕРА“ ширум светот

Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен
бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и
женски парфем од својата „ERA“ колекција.


По лансирањето на парфемот, Ристеска започна и со онлајн продажба на
истиот.
Меѓутоа, деновиве Елена има посебна причина да биде и горда и среќна.
Имено, таа ја објави првата реклама за својот парфем, а истата е снимена во
Мајами.
Заедно со рекламата убавата пејачка и официјално ја означи продажбата на
парфемот во светски рамки, односно од денес и официјално ЕРА можете да
го нарачате каде и да се наоѓате на земјината топка и тоа онлајн преку
нејзината страница.
Инаку, во позадина на рекламата оди музика од новата песна на Елена, „The
Reason“ која таа ја посвети на нејзиниот починат татко.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.