Еликсир на здравјето – како дa подготвите вкусен ликер од аронија?

Аронија потекнува од Северна Америка и од сибирските земји. Богата е со состојки кои ни помагаат во борбата против инфекции, го спречува стареењето на клетките, и е одличен извор на растителни влакна и витамини.
Иако има горчлив вкус, дефинитивно треба да ја вклучиме во нашата исхрана што е можно почесто. Бобинките од аронија се јадат свежи, но можат да се користат и во многу рецепти, од сокови и џемови до разни ликери.
Како да подготвите вкусен и мирисен ликер од аронија?
Состојки:
500 g бобинки од аронија
350 g шеќер
1 l црвено вино
150 ml рум
1 стапче цимет
1 каранфилче
1 стапче ванила


Подготовка:
Во голем сад истурете го виното, па додадете шеќер, аронија и други зачини. Варете го виното околу 15 минути, додека шеќерот целосно не се раствори. Извадете го садот и оставете ја течноста да се олади, а потоа додајте го румот и измешајте.
Истурете ја течноста во стерилизирани шишиња (заедно со бобинките и зачините), затворете го и оставете да отстои најмалку 4 недели. Од време на време промешајте ја содржината на шишето.
Ликерот се служи ладен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.