Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас вечерва е капитен на Наполи во куп-пресметката со Кремонезе на „Диего Марадона“, првпат на еден официјален меч откако во август лани на пријателски меч против нисколигашот Јуве Ставија (3-0) првпат ја носеше капитенската лента.
Македонскиот репрезентативец од јуни 2019 година е дел од Наполи, па тимот што го извади Лучано Спалети на мечот со Кремонезе, практично е најискусен, иако „дијамантот“ има 23 години и со ова стана најмладиот капитен на Наполи на еден меч по Лоренцо Инсиње, кој летоска замина во МЛС-лигата.