Емоционалното неверство е сериозна работа! Започнува сосема невино, навидум е обично пријателство, но…

Дури 70% од навидум невините пријателства со тек на време прераснуваат во афери.

Неверството најчесто го поврзуваме со сексуална врска со друга личност, но се лажете себеси доколку сметате дека емоционалната афера не е неверство. Таа е можеби најлошиот облик на неверство, бидејќи не станува збор за изневерување од страст, напротив, кај оваа афера емоциите се тие кои ја предизвикале, и сериозно се закануваат да го уништат бракот или врската.

Како да препознаете дали вашиот партнер има емоционалната афера?
Најголем дел од емоционалните афери започнуваат на интернет или на работното место. Ова се само дел од знаците кои укажуваат на овој вид на неверство:

  • Ако до пред некое време не покажувал/а интерес за компјутерот, а сега постојано со некој се допишува и поминува долго време пред компјутер, можеби станува збор за допишување со одредена личност.
  • Ги променил/а лозинките за да немате пристап до неговиот/нејзиниот меил и профил.
  • Често разговара на телефон доцна во ноќта, праќа пораки од мобилниот или добива пораки во доцните часови кога мисли дека спиете.
  • Не разговара со вас за проблемите, но често знае да го спомне колегата или колешката од работа, зборува со восхит за нивниот однос, раскажува колку си помагаат меѓусебно и колку добро се разбираат.
  • Останува подолго на работа, многу често се дружи со одредена личност од работа и надвор од работното време.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.