Емре Џан постигна гол од половина терен на дуелот помеѓу Бохум и Борусија Дортмунд во Купот на Германија, фудбалерот кој има потекло од Турција потоа емотивно прослави и ја бакна црната лента на ракавот во чест на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.
Борусија Дортмунд го продолжува патот во Купот на Германија откако вечерва „милионерите“ славеа со 1-2 против Бохум.
Првиот гол падна на необичен начин, голманот на домаќините лошо расчисти една топка а Емре Џан од половина терен успеа да ја затресе мрежата.
Фудбалерот од средниот ред, кој има потекло од Турција, потоа емотивно прослави и ја бакна црната лента на ракавот во чест на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.