Европската унија се надева дека наскоро ќе потпише енергетски меморандум за разбирање со Аргентина, за кој се надева дека може да ги реши енергетските проблеми предизвикани од војната во Украина.

Шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел, при посетата на Аргентина, ја истакна важноста од постигнување на тој договор, со оглед на тоа што Аргентина е „енергетска сила во подем“, во време кога цените на енергијата се високи.
„Ние правиме напредок во однос на меморандумот за разбирање за енергетските прашања. Се надевам дека наскоро ќе биде завршен. Не зборуваме за години или месеци, има јасен взаемен интерес“, изјави Борељ.
Пронајдете не на следниве мрежи:


