Ердоган: Во иднина борбата ќе се води околу водните ресурси и храната

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на пуштањето во работата на браната и хидроелектраната Илис изјави дека нејзиниот капацитет за складирање на вода ќе изнесува околу 11 милијарди кубни метри и ќе произведува струја со сила од 1200 мегавати, со што на Турција годишно ќе ѝ обезбедува финансиска корист од три милијарди лири.
– Водата значи живот во нашата цивилизација. Енергијата е уште еден незаменлив извор на живот во денешно време. Затоа, овој проект на нашата земја и обезбедува многу важни шанси и можности, рече Ердоган, пренесе Анадолија.
„И покрај зголемувањето на бројот на жителите на Земјата од три на осум милијарди во последните 60 години, количеството на врнежи се нема сменето“, кажа тој и додаде дека катастрофите поврзани со климатските промени, како што се сушата, поплавите и шумските пожари ќе бидат се почести.
– Заштита на водните ресурси, пред да ја стигнат границата на потрошувачката, нивната ефикасна употреба и правилно управување стана наша обврска, а не избор, додаде Ердоган.Тој верува дека борбата во иднина ќе се води околу водните ресурси.
– Евидентно е дека во наредниот период ќе се водат борби за водните ресурси и производството на храна, на сличен начин како што во минатото се правеше за нафтата, рече Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.