Ердоган со загриженост ги следи протестите во Франција

Како што пренесува агенцијата “Анадолија“ турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека со загрижност ги следел демострациите на „Жолтите елеци„ во Франција. Тој остро се спротивставува на хаосот предизвикан од демонстрантите, како и на непропорционалната употреба на сила од страна на полицијата. Според него протестите покажуваат дека Европа потфрлила на планот на демократијата, човековите права и слободата.
-Ѕидовите на безбедноста и благосостојбата што толку ги негуваа, не ги потресуваат мигрантите или муслиманите, туку нивните граѓани“. Оние што го поттикнаа антимигрантски чувства и исламофобијата заради политичкиот популизам сега паѓаат во сопствените замки, рече турскиот претседател Ердоган во Истанбул.
Во вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата беа уапсени околу 1.000, а повредени 135 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.