четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ердоган упати јасен повик до Сирија да не се „меша“ во војната меѓу Израел и Иран: Држете се настрана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати јасен повик до сириските власти да не се мешаат во растечкиот конфликт на Блискиот Исток, велејќи дека „спиралата на насилство предизвикана од Израел го загрозува целиот регион“.Во телефонски разговор со Фајсал ал-Шара, висок сириски функционер, Ердоган ја нагласи важноста Дамаск „да се држи подалеку од оваа конфликтна средина“.Ердоган, исто така, предупреди дека сириските власти мора да бидат повнимателни во врска со активностите на терористичките групи, особено во време на зголемени тензии.

I keep saying but Turkey runs a foreign policy based on realpolitik. Anyone else thinking that Ankara would go on an adventure is utterly wrong. Turkey is Nato, and tightly placed within Western security architecture. There are certain limitation to its operational horizon https://t.co/eoe4G8GE1S

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ragıp Soylu (@ragipsoylu), June 14, 2025

Во врска со надворешната политика на Турција, новинарот Рагип Сојлу истакнува дека Анкара спроведува стратегија на реалполитика, јасно втемелена во западните безбедносни структури.„Постојано повторувам – турската надворешна политика се темели на реалполитика. Секој што мисли дека Анкара ќе се впушти во некаква авантура – сосема греши. Турција е членка на НАТО и е цврсто поврзана со западната безбедносна архитектура. Постојат одредени ограничувања во нејзиниот оперативен дострел“, рече Сојлу.Овие изјави доаѓаат во време кога Блискиот Исток е на работ на поширок конфликт, а Турција се обидува да балансира помеѓу дипломатскиот ангажман и зачувувањето на сопствените стратешки интереси.

Поврзани вести