Ердоган: Шведска и Финска одбија да екстрадираат околу 130 терористи во Турција

Официјален Стокхолм одби да го екстрадира новинарот Булент Кенес кој беше осуден на затворска казна во Турција

Шведска и Финска одбија да екстрадираат околу 130 терористи во Турција, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Им кажавме на Шведска и Финска: за да биде одобрено вашето членство во НАТО, треба да ни предадете околу 130 терористи. За жал, тоа не беше сторено“, рече Ердоган.

Тој посочи дека Шведска одбила да го екстрадира новинарот Булент Кенес, кој е осуден на затворска казна во Турција, пренесува „РИА Новости“.

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, претходно изјави дека приемот на Шведска во НАТО нема да биде можен додека Стокхолм „не стави крај на активностите на терористите во земјата“.

Шведскиот амбасадор во Анкара во четвртокот беше повикан во турското Министерство за надворешни работи поради демонстрациите одржани во Стокхолм на кои приврзаниците на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Турција обесија кукла како виси со нозете нагоре со ликот на Ердоган пред градското собрание.

На 18 мај 2022 година, Финска и Шведска поднесоа барања до генералниот секретар на НАТО за пристапување во алијансата, а само Унгарија и Турција до денес не ги ратификуваа.

Пронајдете не на следниве мрежи: