ЕРДОГАН ЈА УКИНА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА Пензионирање! Два милиони работници автоматски се пензионираа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неполни шест месеци пред изборите ја укина старосната граница за пензионирање.

Ова им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.
Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.
Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи.

Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија.
Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.