Есенски кифли од тиква

Потребни состојки:
Тесто:
-500 г тиква
-700 г брашно
-1 коцка квасец
-1 јајце
-2 лажици шеќер
-2 дл млеко
-сол
-1 прашок за пециво
За премачкување:
-1 жолчка
-путер исечен на листови
Начин на подготовка:
Исчистете ја тиквата од семките, не ја лупете кората, само ставете во рерна да се испече на 180 степени, додека не омекне.
Во млако млеко, во кое сте додале малку брашно и шеќер, ставете квасецот да нарасне.
Печената тиква исчистете ја од кората, па чистото пире од тиква измешајте го. Оладеното пире помешајте го со брашното, нараснатиот квасец, прашокот за пециво, солта и јајцето. Добро измешајте и оставете да нарасне.
Кога тестото двојно ќе нарасне, замесете го и поделете го на четири дела. Секој дел направете го во круг и сечете на осум дела.
На секој дел ставете парче путер и фил по желба, па виткајте кифлички.
Премачкајте ги со разматено јајце, по желба посипете со сусам или ким. Печете во рерна загреана на 180 степени, додека не заруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.