четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ескобар: Договорот во Охрид е за регионално помирување и забрзан влез на Западен Балкан во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

САД уште еднаш укажаа дека целосно го подржуваат зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, и сакаат земјата да стане полноправна членка на Унијата што побргу, но ги следат многу внимателно и постапките на Косово и Србија за имплементација на договореното во Охрид, и ќе продолжат со активна подршка за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, истакна специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ескобар: Договорот во Охрид е за регионално помирување и забрзан влез на Западен Балкан во ЕУ

На денешниот брифинг за новинарите по повод успешната средба и договорот постигнат во Охрид, Ескобар изјави дека сите земји од регионот заслужуваат забрзан влез во ЕУ, но дека тоа нема да биде можно без регионално помирување и меѓусебно признавање.  

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој укажа дека и покрај тоа што во Охрид не се потпиша ништо, договор постои и тој ќе се третира целосно сериозно и е правно издржан. 

-Ова е законска обврска договорена како од Србија така и од Косово. И Европоската Унија потврди дека има договор, а тоа го потврдија и двајцата лидери. И навистина е не е потребно да се фокусираме на потписите, договорот е тука и ќе продолжиме напред, изјави Ескобар. 

Тој рече дека земјите од регионот се европски, нивната култура и историја се европски и укажа дека со „напорите на Северна Македонија да биде домаќин и учесник во меѓународна мировна конференција која заврши успешно, регионот може да влијае позитивно на сопствената стабилност и безбедност, а со тоа и пошироко на европската безбедност“. 

– Мојата порака до Европската Унија е дека Западен Балкан е област на можности, не област на ризик, рече Ескобар. 

Тој одговори потврдно на прашање од новинар дали Србија и Косово треба да го гледаат како успешен пример договорот од Преспа склучен меѓу Северна Македонија и Грција. Рече дека тоа е „најуспешниот модел за меѓуетничка хармонија во регионот“. 

-Во случајот со Србија и Косово, се надеваме дека тие ќе ги следат односите меѓу Грција и Северна Македонија како добар пример. Всушност, имаше многу симболизам во Северна Македонија, земја која има добри односи како со Србија така и сo Косово… (Договорот од Преспа) е најуспешниот модел за меѓуетничка хармонија во регионот и имаше бројни причини зошто Охрид беше избран… И мило ми е што се постигна успех и што средбата се случи таму, изјави Ескобар. 

САД, посочи Ескобар, знаат дека Русија со употреба на медиумска дезинформација и онлајн активности е вклучена во опозицијата на овој план за нормализација на односите, но и во попречувањето на евроатлантската интеграција на сите земји од регионот. 

-Постои огромна количина на руско злонамерно влијание во овој процес, смета Ескопар. Укажа дека во регионот постојат поединци и групи кои го подржуваат рускиот наратив, но, како што наведе, „овој проблем е локален за кој треба локални решенија и е долготраен, а Русија се обидува да создаде проблеми внатре во постоечките проблеми, да става препреки на евроатланстката интеграција на регионот“. 

-Но реално, проблемите остануваат и се проблеми на регионот и треба да бидат решени преку она што треба да се случи, а тоа е регионално помирување. Можам да кажам дека за време на преговорите во текот на денот, Русија ниту беше спомената ниту беше присутна, и ако таа испрати некакви пораки преку викендот тие не беа ефектиивни. Имаше успешна завршница и поставивме мошне успешна насока за регионално помирување. И сметам дека тоа е позитивно, рече Ескобар. 

САД се надеваат дека Косово, кое е дел од европската семејство, ќе биде признато од сите останати земји од Европа, вклучително и петте кои се уште не го признале (Грција, Кипар, Шпанија, Словачка и Романија).

Поврзани вести