четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ескобар допрецизираше: Договорот од Охрид е правно обврзувачки, иако не е потпишан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид пред два дена е чекор кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека е правно обврзувачки, иако има не е потпишан.

На онлајн прес конференција Ескобар истакна дека е потребна голема храброст и визија од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на привремените институции Аљбин Курти за да се стигне до таму.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ескобар: Договорот од Охрид е правно обврзувачки, иако не е потпишан

-Овој договор е правно обврзувачки за двете страни. Иако не е потпишан, тоа е договор во секоја смисла, рече специјалниот пратеник и прецизираше дека тоа навистина значи – во секоја смисла.

Според него, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, јасно стави до знаење дека страните се обврзале и дека спроведувањето на договорот ќе влијае на европскиот пат на двете страни.

-Договорот е пат кон помирување на Србија и Косово. Важно е да разјасниме како ќе постапат двете страни. Имплементацијата мора да почне веднаш и двете страни ќе имаат корист од тоа. Сметам дека најважни се евроатлантските интеграции. Ќе направиме напредок само ако договорот почне да се применува што е можно поскоро, рече тој.

„За двете страни е важно да се спроведе се што остана од Бриселскиот договор. Тоа се очекува од двете страни. Ќе продолжиме да работиме со двете страни и со нашите партнери“, рече тој.

Поврзани вести