ЕСМ: МИЦКОВСКИ ПОКАЖУВА НЕЗНАЕЊЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

За ЕСМ непознавањето на состојбите е причина за обвинувањата на опозицијата. 

-Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, вели Бислимоски во изјава за медиумите.

„АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена се со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните. ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили“ – порачаа од ЕЛЕМ.

Од „Суводол“ пак, уверуваат се работи на санација на состојбата и непречен ископ на јаглен, кој сепак поради поплавата се одвива под отежнати услови. Повторуваат производството во овој момент се одвива непречено, на депонијата во Битола има доволно количини на јаглен.  

Вчера Бислимовски објасни како се трошела струјата:

Бислимовски

Со цел да ги намалат своите трошоци, општините формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување ја добиваат од ЕВН, по цена за домаќинствата, информираше денеска Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Поради оваа злоупотреба, тој додава дека граѓаните веќе од јули би можеле да се соочат со повисоки сметки за струја до десет проценти.

-Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, вели Бислимоски во изјава за медиумите.

Претседателот на РКЕ верува оти ќе се објават јавно кои општини направиле злоупотреба на електричната енергија, со цел граѓаните да знаат дека тие општини не се грижат за нив.

Во моментов, РКЕ работи на креирање нов тарифник за електрична енергија. Бислимоски вели дека очекувањата се некаде да се движи од 150 до 250 киловат часови првиот блок, само за скапа тарифа, па потоа од 250 до кај 300 , 400 па 400 и нагоре.

Тој додава дека цената на сметките за струја најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ и со цел да се спречи големо покачување, Бислимовски бара државните електрани да обезбеди сто проценти од потребите на „ЕВН ХОУМ”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.