четврток, 12 ноември 2026
Најново

Естонија доби шест рактни системи „ХИМАРС“ од Америка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Eстонија доби шест американски ракетни системи ХИМАРС, соопшти денеска естонскиот центар за одбранбени инвестиции.Мобилниот ракетен систем со дострел до 300 километри и е предаден на естонската армија во воздухопловната база Амари, соопшти Центарот.„Стигнаа! Ова ја зајакнува не само естонската одбрана, туку и безбедноста на целата Алијанса“, објави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахна.ХИМАРС (High Mobility Artillery Rocket System) е артилериски систем од повеќецевни ракетни фрлачи поставени на лесен камион. Може да лансира различни видови ракети, вклучувајќи ракети со дострел до 80 километри и тактички проектили со дострел до 300 километри.

Поврзани вести