четврток, 12 ноември 2026
Најново

Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За оние кои сакаат одмор во урбана, градска средина, а сепак не преполна со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците – без ѓубре, Естонија е „совршената земја“, бидејќи тукушто е прогласена за најчиста земја во светот.

Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на „Ворлд попјулејшн ревју“ (World Population Review), оваа балтичка држава е земјата со најчист воздух. Така, според Индексот за еколошко уредување (ЕПИ), којшто се насочува на фактори како што се испуштање стакленички гасови, јаглерод-диоксид, достигнувања во однос на негативните емисии на метан, спроведувањето политики за животна средина, проширувањето на шумите, обновливи извори на енергија и шуми, Естонија е на првото место на листата. Нејзината ЕПИ-оценка е 75,3.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Следни европски држави на оваа листа се: Луксембург (со ЕПИ 75), Германија (74,6), Финска (73,7), Обединетото Кралство (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9). Всушност, тие се на врвот на светската топ-листа најчисти земји од 2020 година досега.

Уште повеќе, главниот град на Естонија – Талин во 1997 година е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, поради исклучително добро зачуваното старо градско јадро од 13. век, со изворно стари градби.

Во тн. Горен Град, се наоѓа и естонската Влада, сместена во средновековната розова куќа „Стенбок“. Во близина е и 800-годишниот дворец Томпеа и Долниот Град. Кулата „Пик Херман“, којашто е највисок дел од дворецот, со своите 45 метри, велат, е место за искачување (по скали) што мора да се доживее. Меѓу најпосетените знаменитости во Талин се и катедралата „Александар Невски“, Уметничкиот музеј „Кадриорг“ и Паркот „Кадриорг“.

Поврзани вести