ЕУ испрати карабињери во КОСОВО да ја засили ЕУЛЕКС во пресрет на можни немири

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Жозеп Борел соопшти дека полицијата на ЕУЛЕКС добила засилување за да обезбеди стабилност на Косово.

Борел на Твитер напиша дека „во овие тензични времиња во Косово, Мисијата на ЕУ за владеење на правото-ЕУЛЕКС ја исполнува својата должност да обезбеди стабилност”.

ЕУ испрати карабињери во КОСОВО да ја засили ЕУЛЕКС во пресрет на можни немири

Тој соопшти дека синоќа Европските сили на жандармерија, вклучително и карабинерите, пристигнале за привремено да ја засилат полициската единица на ЕУЛЕКС во Косово.

ЕУЛЕКС ќе продолжи да поддржува мирна и безбедна средина”, напиша високиот претставник на ЕУ.

Зајакнувањето на полицијата на ЕУЛЕКС доаѓа откако припадниците на српската заедница ги напуштија сите косовски институции на северот на Косово, вклучително и полицијата и судството.

Косовската претседателка Вјоса Османи претходно вчера се сретна со шефот на ЕУЛЕКС, Ларс-Гунар Вигемарк, со кого разговараше за последните случувања на северот од земјата, како и за соработката на државните и меѓународните институции.

По тој повод, претседателката Османи ја повтори посветеноста на косовските институции за спроведување на законот и редот, како и обезбедување непречено функционирање и јавна безбедност во целата земја, во тесна соработка со меѓународните партнери, пренесува Анадолија.

Сите претставници на Србите на северот на Косово во саботата се повлекоа од Собранието и Владата на Косово, како и од сите институции на северот на Косово. Српската листа соопшти дека нивната одлука останува во сила додека Приштина не ги повлече своите „еднострани и незаконски одлуки” за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на општини со српско мнозинство во согласност со Првиот бриселски договор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.