четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЕУ покрена истрага против ТикТок заради заштита на малолетниците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европската комисија во понеделникот почна истрага против Тик Ток за наводно кршење на правилата на ЕУ за заштита на децата и транспарентност на рекламирањето на социјалната мрежа.

Комисијата истражува дали алгоритмите на Тик Ток создаваат зависност или таканаречениот „ефект на зајачка дупка“, односно феноменот дека апликацијата ги преплавува корисниците со слична содржина ако покажат интерес за некоја тема.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Комисијата, исто така, ги истражува поставките за приватност за малолетници, како и дали оваа кинеска платформа ја исполнува обврската за складирање на прикажани реклами.

Истрагата се однесува на потенцијални прекршувања на Законот за дигитални услуги (ДСА), релативно нов збир на закони што ги регулираат онлајн платформите. ДСА бара тие да управуваат со различни ризици како што се заштитата на менталната благосостојба и правата на децата.

„Тик Ток е платформа која допира до милиони деца и тинејџери и мора да биде целосно усогласена со ДСА и да има посебна улога во заштитата на малолетниците на интернет“, рече еврокомесарот Тиери Бретон.

Според него, заштитата на малолетниците е приоритет за имплементација на ДСА.

Законите, исто така, забрануваат употреба на податоци за малолетници за да им се сервираат насочени реклами.

Ако се покаже декаТик Ток навистина ги прекршил овие правила, се соочува со казна до 6 отсто од годишните приходи.

Поврзани вести