ЕУ се согласи да исклучи 7 руски банки од банкарскиот систем SWIFT

ЕУ одобри отсекување на седум руски банки од банкарскиот систем SWIFT, вклучувајќи ја и банката VTB.

VTB Bank PJSC и Bank Rossiya се меѓу банките кои ќе се соочат со забрана од системот за пораки што овозможува трансакции во вредност од трилиони долари ширум светот, според официјални лица запознаени со одлуката.

Мерките се очекува да бидат усвоени во текот на ноќта, според Bloomberg News.

Некои земји, вклучително и Полска, се заложија за вклучување на повеќе банки во мерката, велат тие. Списокот сепак би можел да се промени пред формално да стапи на сила.

Отсуството на Сбербанк ПЈСЦ и Гаспромбанк го покажува континуираното ниво на загриженост за последиците за Европа од финансиската изолација на Русија што се прелева во глобалната економија, особено кога станува збор за снабдувањето со енергија. Блокот е исто така загрижен дека Русија може да возврати со намалување на испораките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.