ЕУ со построги санкции против Пјонгјан поради нуклеарниот тест

Европската унија во понеделникот го поостри режимот на санкции против Северна Кореја откако оваа комунистичка земја на 12-ти февруари го изведе својот трет нуклеарен тест, пренесува AFP кој се повикува на европските извори.Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија одлучиле да додадат уште имиња на личности од Северна Кореја на кои им е забрането да патуваат во 27-те земји членки и организациите на кои им се замрзнува имотот. На тој список се ставени 26 лица и 33 организации, додал соговорникот на агенцијата.Покрај тоа Унијата забраниле „извоз во Северна Кореја и увоз од неа на важните елементи за изработување на балистичките проектили, како што се некои видови алуминиум“, било наведено во заклучоците на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ.Забрането е и тргувањето со злато, драгоцени метали и дијаманти, а европските банки „повеќе нема да смеат да основаа филијали или канцеларии (во Северна Кореја)“, е наведено во заклучоците на европските министри за надворешни работи.
МакфаксЕвропската унија во понеделникот го поостри режимот на санкции против Северна Кореја откако оваа комунистичка земја на 12-ти февруари го изведе сво

Пронајдете не на следниве мрежи: