ЕЦБ ја одобри помошта за кипарските банки

Европската централна банка (ECB) во понеделникот, откако постигнат договорот за пакетот од санациските кредити за Кипар во износ од 10 милијарди евра, одлучи на кипарските банки да им овозможи пристап до вонредните финансиски средства.Минатата седмица Европската централна банка ги притискаше Кипар, заканувајќи се дека ќе ја прекине клучната помош за кипарските банки доколку до понеделник не биде постигнат договор со меѓународните заемодавачи за итниот пакет финансиска помош. Во своето соопштение од понеделникот попладне, ECB истакнува дека „нема забелешки на парањето на Кипарската централна банка за одржување на ликвидноста, во согласност со важечките правила“. Се додава, исто така, дека ECB „многу внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата“.Со постигнатиот договор, со кој Кипар го избегна банкрот и колапсот на својот банкарски систем неколку часови пред истекувањето на крајниот рок, се предвидува затворање на втората според големината најголема кипарска банка „Laiki bank“ и тешките загуби за неосигурените штедни влогови поголеми од 100 илјади евра, со кои особено се таргетираат сметките на богатите руски приватни клиенти и компании.Поголемиот број кипарски банки ќе бидат отворени во вторник, освен „Cyprus bank“ и „National bank“ кои по затворањето на 16-ти март, повторно ќе почнат да работат во четврток, на 28-ми март.
МакфаксЕвропската централна банка (ECB) во понеделникот, откако постигнат договорот за пакетот од санациските кредити за Кипа

Пронајдете не на следниве мрежи: