Што го чека Новак во продолжението на кариерата? Последна шанса да го направи она што никогаш никој не го направил!

Новак Ѓоковиќ ја продолжи бруталната доминација.

Србинот го освои третиот Грен слем сезонава во Њујорк, овојпат со само два загубени сета во текот на целиот турнир, а во финалето на УС Опен беше подобар од Русинот, Данило Медведев.

Цела планета му оддаде почит на Ѓоковиќ, нема дилемата дека тој е GOAT на тенисот, но Ноле ќе има огромен мотив да продолжи со бруталните игри во понатамошниот тек на кариерата. Дури и следната сезона би можела да биде историска и во неа Ѓоковиќ веројатно ќе ја добие последната шанса да направи нешто што никој во светот на тенисот досега не успеал да го направи!

Што го чека Новак во продолжението на кариерата? Последна шанса да го направи она што никогаш никој не го направил!

За што всушност се работи?

Ноле оваа сезона беше на чекор од освојување на календарскиот слем (сите четири грен-слемови во натпреварувачката година). Карлос Алкараз го победи во финалето на Вимблдон и тоа е единствениот Грен слем турнир што Ѓоковиќ не го освои годинава.

Следната сезона ќе има можност за првпат да победи на календарскиот слем и да стане првиот тенисер во Орen натпреварувањето на кој тоа му успеало.

Пред Open ерата, Род Лејвер го направи тоа двапати (1962 и 1963) и Џон Баџ (1938).

Исто така, следната година е онаа во која се одржуваат Олимписките игри во Париз, а ова натпреварување е еден од ретките неостварени соништа на Новак Ѓоковиќ.

Сигурно Ноле и неговиот тим ќе се фокусираат на Олимписките игри, а доколку Ѓоковиќ покрај нив ги освои и Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, би стигнал и до Златен слем и би направил нешто што никој досега не го направил.

А големото прашање е дали тој успех би го повторил некој во блиска иднина?

Така, и покрај тоа што е во доцните натпреварувачки години, Новак Ѓоковиќ има многу мотивација да ја продолжи кариерата.

Следната година би можела да биде историска, па не ни преостанува ништо друго освен удобно да седиме во фотелјата, да го гледаме Ноле како им држи лекции на помладите тенисери и навиваме за тој да испише нови страници од историјата што многумина во светот на тенисот досега тешко можеа да ги замислат – сè до неговото појавување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.