Жената е чудо! Џејн Фонда ја освои модната писта на 88 години во фустан достоен за божица

За време на Неделата на модата во Париз, се одржа специјална ревија на L’Oréal Paris, каде што блескаа многу познати дами, а се одржа пред историскиот Hotel de Ville во Париз.

Ева Лонгорија, Енди Мекдауел и Виола Дејвис, меѓу другите, прошетаа по пистата, а рефлекторите особено светнаа на незаборавната Џејн Фонда.

Оваа актерска и активистичка икона покажа дека стилот и харизмата навистина немаат рок на траење. Шоуто беше почит кон убавината, овластувањето и сестринството, а оваа прекрасна актерка беше една од најголемите ѕвезди на вечерта. Таа ја освои публиката со својата самодоверба, грациозност и неповторлив шарм.

За оваа пригода, 87-годишната Џејн носеше спектакуларен долг фустан во златна нијанса, кој буквално блескаше на пистата. Креацијата беше тесна, совршено следејќи ја линијата на телото, со долги ракави и дискретен сјај од илјадници ситни светки.

Фустанот беше кроен за да ја нагласи елеганцијата, а воедно остана софистициран и безвременски. Во комбинација со златни сандали, целиот аутфит создаде совршена хармонија на гламур и софистицираност.

Нејзината препознатлива сива коса стилизирана во меки бранови дополнително ја нагласи нејзината природна убавина и став. На пистата, Џејн Фонда одеше покрај млади машки модели, а нејзината самодоверба беше заразна.

Оваа ревија ги комбинираше модните трендови со порака за инклузивност и прослава на различноста. Џејн Фонда уште еднаш покажа дека убавината не е врзана за возраста, туку за ставот и внатрешната сила. Со својот изглед, таа уште еднаш го потврди својот статус на модна и културна икона.

Пронајдете не на следниве мрежи: