Жена бара развод од сопругот, причината ќе ве згрози

Една 20-годишна Индијка побарала развод затоа што тврди дека нејзиниот сопруг премногу смрди, бидејќи тој се мие само еднаш на секои десет дена.
Сони Деви од државата Бихар поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, со образложение дека тој не одржува соодветна хигиена и нема манири. Таа тврди дека стапувањето во брак со 23-годишниот водоводџија било понижување што му и уништило животот.
Во официјална апликација за развод, Деви изјавила дека нејзиниот сопруг ретко се капел или си ги миел забите и не се однесувал според социјалните норми, пренесува Oddity Central.
„Мојот сопруг смрди, бидејќи не се бања и не се бричи речиси 10 дена . Освен тоа, тој не ги мие ниту забите. Тој исто така нема манири“, напиша таа. “Не сакам да живеам со него повеќе. Не можам да го издржам ова понижување. Љубезно ве молам да ме ослободите од овој човек … тој ми го уништи животот.”


“Ние немаме деца. Дури и нашата врска маж и жена не е блиска. Животот нема никакво значење, бесмислено е”, рече таа, додавајќи дека очекувала нејзиниот сопруг да и го врати накитот и другите вредности што ги добила од нејзините родители кога се омажила за него.
Членовите на Комисијата SWC (Државна комисија за жени) каде што било поднесено барањето, биле шокирани од причините што ги наведува Деви. Тие решија да им дадат ултиматум за два месеци за решавање на несогласувањата пред да го предадат случајот пред семејниот суд.
Сопругот на жената, Маниш Рам, за медиумите изјави дека сака да продолжи да живее со својата сопруга и ќе вложи секакви напори за подобрување на нејзиниот животен стил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.