Жена изрешетана во Шуто оризари, префрлена на интензивна нега во КАРИЛ

Жена била застрелана синоќа два часа по полноќ додека седела на гости кај соседите на улица Брсјачка буна во скопската населба Шуто оризари, соопшти МВР.Четири жени во 2.20 часот седеле во гостинската соба, сопственичката на куќата, нејзината ќерка, внуката и сосетката, кога непознато лице дошло до едно крило од вратата на терасата на гостинската соба и почнал да пука.Преку двојното термопан стакло, кршејќи го, испукал шест куршуми и ја повредил дваесет и петогодишната девојка.На местото веднаш пристигнала Брза помош и девојката била пренесена во Ургентниот центар. Дежурниот лекар констатирал една влезно-излезна рана во левата рака, една влезна рана во левата града, една влезна рана во левата надколеница, една влезна рана во левата бутина и една влезна рана во пределот на градниот кош.Жената е префрлена на интензивна нега во КАРИЛ, а полицијата се уште го бара напаѓачот.
МакфаксЖена била застрелана синоќа два часа по полноќ додека седела на гости кај соседите на улица Брсјачка буна во скопската

Пронајдете не на следниве мрежи: