Жената со повреди е пренесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“
Жена пешак е повредена во сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 19 часот на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје. Според Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, во жената удрил автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички.
Жената со повреди е пренесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во тек е увид на местото на несреќата.