Жена уценувала тетовец дека ќе објави компромитирачки фотографии ако не ѝ даде пари, објавија од СВР Тетово.
На 03.07.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, 27- годишник од Тетово пријави дека бил уценуван од женско лице дека доколку не и даде пари ќе објави компромитирачки фотографии од него, по што во неколку наврати и дал пари, но таа продолжила со уценувањето, по што случајот го пријавил во полиција. СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.



