Жените во Латвија „вработуваат сопрузи на час“: Тие работат дома наместо нив

Недостатокот на мажи во Латвија сè повеќе ги „принудува“ жените на необичен чекор. Имено, тие ангажираат „сопрузи на час“ за да им помагаат со домашните работи.

Според неодамнешниот извештај на Евростат, Латвија има 15,5 проценти повеќе жени отколку мажи, што е три пати повеќе од просекот во Европската Унија. Според Светскиот атлас, оваа земја има двојно повеќе жени отколку мажи над 65 години.

Латвијанката Данија, која работи на фестивали, за списанието „The Sun“ изјави дека 98 проценти од луѓето со кои работи се жени.

„Нема ништо лошо во тоа, но само за рамнотежа, би сакала да имам повеќе мажи со кои ќе флертувам или ќе разговарам. Едноставно е поинтересно. Затоа сите мои пријателки отидоа во странство и таму најдоа партнери“, рече таа.

Многу жени како Данија одлучуваат да „ангажираат сопруг“ за кратко време за да им помогне со домашните работи. Имено, тие сè повеќе користат платформи како Komanda24, каде што можат да ангажираат мажи за водоводџиски работи, столарија и други поправки, па дури и монтажа на телевизори за неколку евра.

Remontdarbi.lv им овозможува на жените да ангажираат „сопруг за еден час“. Овие мајстори извршуваат многу домашни работи, вклучувајќи варосување и крпење завеси.
The post Жените во Латвија „вработуваат сопрузи на час“: Тие работат дома наместо нив appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: