Жените имаат зголемен апетит пред циклус и се дебелат- еве зошто

Студијата објавена во списанието Annals of Endocrinology укажува на она што е веќе општо познато, наведувајќи дека пред менструалниот циклус, жените имаат зголемена потреба за слатки и чоколадо. Но, зошто е тоа така?
Истражувачите веруваат дека оваа потреба кај жените, која се јавува неколку денови пред добивањето на циклусот, може да се објасни со флуктуацијата на „хормонот на среќата“ – серотонинот, кој е задолжен и за промена на расположението, пишува Daily Mail.
Давајќи одговор на студијата, нутриционистот Лимор Баум вели: „Едно ​од објаснувањата за женската потреба за благо е нискиот серотонин кој предизвикува раздразливост и нестабилност во расположението.
Јаглнените хидрати го зголемуваат нивото на серотонин и со самото тоа може да дојде до подобрување на расположението кај жените во тие моменти, па затоа потребата за нив е – нормално биолошко објаснување, додава тој.​


Овесните снегулки, интегралниот ориз, слаткиот компир, сувото овошје, лебот со житарки, јогурт, овошје и грав се пример за здрави јаглехидрати – наведува Баум.
Ако оваа храна се консумира регуларно во текот на предменструалниот период, потребата за благо и нездрави намирници ќе биде помала.
Во ова истражување на Националниот институт за диетална исхрана во Тунис, учествувале 30 здрави жени помеѓу 18 и 45 години.​
Тие дознале дека жените помеѓу првиот и третиот ден од циклусот консумираат просечно 1.688 калории дневно.


Меѓутоа бројката пораснала за 476 калории дневно, три дена пред почетокот на циклусот. Тоа ја открило причината поради која жените најлесно добиваат на тежина во овој период.
Во дискусијата за резултатите, истражувачите навеле дека тоа би можело да биде објаснето со промена на нивоата на хормоните во јајниците во текот на менструалниот циклус.​
Секако, жените може да трошат повеќе енергија во периодот пред циклусот, што може да помогне во спречување на добивање вишок килограми, бидејќи студијата покажала дека нивниот обем на половина не се зголемил.
Исто така, треба да се земе во предвид и подуеноста на која жените се подложни во текот на циклусот.​

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.