ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ КОМПЛИКУВАНИ ПОЗИ: Мажи, не правете ги овие грешки за да не ја згаснете страста кај жените!

Мажите често имаат потреба да се докажат во креветот.

Сексот може да биде вистински предизвик, особено за мажите, бидејќи честопати имаат потреба за докажување во креветот. Поради притисокот што си го наметнале, практикуваат грешки во текот на сексот, кои лесно ја згаснуваат страста кај жените.

ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ КОМПЛИКУВАНИ ПОЗИ: Мажи, не правете ги овие грешки за да не ја згаснете страста кај жените!

Имитираат порно филмови

Една од причините зошто мажите често “разочаруваат” во креветот е што се обидуваат да го имитираат тоа што го гледаат во филмовите за возрасни. Неискусните мажи мислат дека порно филмовите се енциклопедија за добар секс, но не разбираат дека сексот во нив е главно наменет на задоволството на машките актери и машките гледачи.

Ја пуштаат жената сама да си ја заврши работата

Сексот е активност во која двете страни треба подеднакво да учествуваат. Оставање на целата работа на жената е една од најлошите работи што може да ги направи мажот во текот на сексот. Важно е мажот да биде дарежлив партнер кој знае да возврати.

Сакаат да ги искомпликуваат позите, а сеуште ни класичните не ги “докторирале”

Нема ништо лошо во експериментирањето, но не мора да висите од таванот за сексот да биде добар. И класичните пози можат да бидат сјаен извор на задоволство. Така што добрата стара мисионерска поза е сеуште водечка на листата на најдобри за заљубените парови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.