Жените низ светот со нетрпение ги очекуваа овие фотографии: Жена со облини во бикини без Фотошоп

Интернет продавницата „Asos“ отишла чекор понапред во прикажувањето на своите модели. Најголемата маана на онлајн купувањата е тоа што облеката не може да ја пробате, а истата е прикажана на жени со совршена градба на тело. Сепак дојде крајот на тоа.
Интернет продавницата „Asos“ своите парчиња облека почнала да ги прикажува на жени со различна градба и килограми.

И не само што моделите се со различни конфекциски броеви туку и фотографиите не се коригирани со Фотошоп, така секоја жена може јасно да види како ќе изгледа во бикинито, маицата, фармерките, фустанот и друго.
Воодушевените жени низ светот со нетпение ја чекале оваа револуција во модата затоа што од прикажувањето на совршени жени кои носат облека и на “обичната жена“ и оневозможуваат да замисли како некое парче од таа облека ќе стои на неа.
Иако многу од модните брендови во своите ревии и реклами вметнале “плус сајз“ манекенки, нивните фотографии и понатаму се обработуваат во Фотошоп, а фотографијата не е реална.
Токму затоа новата компанија „Asos“ направи модна револуција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.