Жените подобро спијат покрај куче, отколку покрај партнер

Жени исфрлете го мажот ако сакате да се наспиете, бидејќи според најновите анализи за квалитетот на сонот, жените дефинитивно се повеќе наспани кога спијат со своето куче, споредено со спиењето со нивниот партнер.
Една нова студија ни открива дека жените пријавиле подобар сон кога го делат креветот со своето куче. Партнерите и мачките ги опишале како неуредни и злобни.
Луѓето ширум светот често го делат креветот и со своите миленици.
Методот на сензорно следење на човечкиот сон, познат како актиграфија, покажал дека спиењето со возрасен човек има и позитивни и негативни влијанија врз сонот на партнерот, но, сосема малку ни беше познато влијанието кое милениците го имаат врз квалитетот на сонот кај поединци. Се досега.
Доктор Кристи Л. Хофман, професорка од секторот на проучување животни во Каниус Универзитетот Бафало, и тим од истражувачи одлучиле да ја истражат оваа тематика.

Со цел да го проценат влијанието кое милениците го имаат врз човечкиот сон, тие анкетирале 962 возрасни жени во САД.
Откриле дека 55 отсто од испитаниците го делат својот кревет со барем најмалку едно куче, а 31 отсто од нив спијат со најмалку една мачка. Дополнително, 57 отсто од учеснициве се изјасниле дека сонот го делат само со нивниот партнер.
Резултатите се изненадувачки.
Оние жени кои го делат креветот со куче потврдиле подобар сон и утрото се чувствувале поодморено. Тие исто така изјавиле дека кучињата се помирни кога спијат и со нив се чувствуваат комфорно и посигурно.
Сопственичките на мачки изјавиле дека спиењето со мачка е исто неудобно како делењето постела со човек, опишувајќи ги како нечувствителни и некомфорни, споредено со куче или човек.
Испитаниците со кучиња, исто така, оделе во кревет, а и се буделе многу порано за разлика од оние што имаат мачки.
Хофман, во едно интервју за „Бродли“ (Broadly), соопштила дека главното во оваа студија е начинот на перцепција, односно, ова истражување се базирало врз индивидуални погледи и ставови. Сепак, важно е да се нагласи дека резултатите се донесени врз агрериран и просечен заклучок, така што чувањето куче нема да ги реши проблемите со сонот кај секој човек. За квалитетен сон многу фактори имаат улога и влијание.
Ова истражување било изведено само на жени. Останува да видиме што ќе избере машката популација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.