среда, 25 ноември 2026
Најново

Жените полесно се здебелуваат од мажите, ова е причината

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во некои делови на светот, екстремната дебелина е почеста кај жените отколку кај мажите, покажуваат податоците од Светската здравствена организација. Во новото истражување е утврдено дека клучот лежи во хормоните задолжени за контрола на апетитот, телесната активност, потрошувачката на енергија, и на крајот, намалувањето на телесната маса.
Станува збор за проопиомеланокортин пептиди, кои се произведуваат во делот на мозокот вклучен, меѓу другото, во процесот на согорување на калории.
Експериментите спроведени на животни покажаа дека дејството на овие хормони зависи од полот, пишува стручното списание „Молекулар метаболизам“.
Според СЗО, од прекумерна дебелина страдаат 1,4 милијарди луѓе.

Поврзани вести