Колумбиската пејачка Шакира беше поврзувана со Луис Хамилтон по разводот од Жерар Пике , но се чини дека таа е повторно среќна во љубовта дури сега.
Како што објавија странските медиуми, пејачката ја потврди својата врска со 15 години помладиот актер кого публиката го познава од серијата „Емили во Париз“.
Станува збор за 38-годишниот Лусиен Лависконте, кој ја играше улогата на Алфи во гореспоменатата серија.
Шпекулациите за врската меѓу Шакира и актерот се шират веќе неколку месеци.
Двајцата се запознале за време на снимањето на нејзиниот музички спот од 2024 година за песната „Puntería“, каде што тој ја играл улогата на нејзин љубовен интерес.
Нивната хемија беше тешко да не се забележи на екранот, а обожавателите брзо почнаа да се прашуваат дали станува збор за нешто повеќе од само глума. Набргу потоа, двајцата беа видени како вечераат заедно во Њујорк, што ги разгоре шпекулациите.
– Се гледаат, но сè уште не станало многу сериозно – велат извори блиски до пејачката.
Shakira (48) has officially confirmed her relationship with actor, Lucien Laviscount (33). pic.twitter.com/nJkAMU9gvO— J³ABz (@Jabz_CFC) March 1, 2026
По болното и јавно разделување со Жерар Пике, кое Шакира го претвори во хит албум, нејзините пријатели се на штрек. Многумина од нив се плашат дека Лусиен ќе ѝ го скрши срцето.
– Шакира очајно сака љубов, но нејзините пријатели се плашат дека тој е „играч“ кој само сака неговото име да се чуе низ целиот свет, а таа му го овозможува тоа, открива изворот.
The post Жените ширум светот се луди по него: Шакира во врска со 15 години помлад актер? (фото) appeared first on Во Центар.



