Иако жените мислат дека знаат се за сексот и неговата едноставност, сепак истражувањата покажале сосема спротивен ефект. Мислејќи на сексот како на едноставен и бесплатен начин на задоволство, истражувањата покажале дека мажите не се задоволни од искусните партнерки, кои според нив не внимавале на одредени ситници.
Не му е важно дали сте издепилирани
Иако мазната и нежна кожа е секси, на партнерот ни на крај памет нема да му текне да провери дали имате влакна или не кога ќе му се води љубов.
И мажите сакаат да се галат
Мажите не се толку бесчувствителни како што си мислевте. И ним им доаѓа убаво галењето и гушкањето.
Возбудливиот сексуален живот е вреден за труд
За возбудливиот и разнолик сексуален живот треба да се потрудите. Не плашете се да менувате и не бидете ограничени. Имајте секс секаде!
Глумењето оргазам е непотребно
Лошиот секс нема да стене подобар доколку одглумите оргазам. Напротив, треба да му покажете на партнерот што сакате и што ве возбудува во сексот за да немате потреба да глумите следниот пат.
Вистината не секогаш е најдобро решение
Изневерувањето или одењето на пијачка со друг маж не е пожелна информација за споделување со партнерот, освен ако не сакате да бидете обвинети за кршење на довербата во врската.
Пријателите лажат за својот сексуален живот
Колку и да ви изгледаат уверливи приказните за големината на пенисот на нивниот партнер, честиот секс и задоволството кое го доживуваат, пријателките обично лажат кога зборуваат за сексот.
Помалку секс – повеќе работаКолку помалку имате секс толку повеќе ќе треба нешто да работите. Затоа, подобро да го потрошите времето за галење отколку за чистење.
Не сте единствена која не доживува оргазам
Не се чувствувајте осамено и неразбрано, една третина од жените не доживуваат оргазам.
Неговите брадавици се почувствителни
Не само женските брадавици сакаат да бидат третирани пред и за време на сексот. Машките брадавици се дури и почувствителни, па не ги заборавајте.
Провокативната облека не е забранета
Не морате секој пат да сте закопчани до грло. Има облека која можете да ја облечете, а да не изгледа премногу вулгарно и истовремено да го возбуди партнерот.
Вашиот партнер мисли дека сте секси
Иако често се сомневате во овој факт, вашиот партнер навистина мисли дека сте секси и ве смета за привлечна жена. Во спротивно, не би бил со вас толку долго време.